0_Спорт.ПорталКошарка

Лејкерс загубија натпревар за прв пат по 25 години, испуштајќи предност од 25+ поени

Екипата на Лос Анџелес лејкерс, ноќеска загуби на гостувањето кај Оклахома со 123:115 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата.

Оклахома, 28 октомври 2021 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес лејкерс, ноќеска загуби на гостувањето кај Оклахома со 123:115 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата.

Тимот од Лос Анџелес загуби натпревар за прв пат по 25 години, вклучително и играњето во плејофот, кога имал предност од 25 поени или повеќе. Максималната предност на Лејкерси против Оклахома беше 26 поени.

Пред овој меч, Лејкерси победија на 230 натпревари во низа кога воделе со 25 или повеќе поени разлика.

Лејкерси се на седмото место на табелата во Западната конференција со две победи и три порази. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close