0_Спорт.ПорталКошаркаСпортСпорт.Слајдер

Ленард: Ми недостигаше тимот

Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард, ги сподели своите впечатоци од првиот натпревар одигран по пауза од 476 дена.

Лос Анџелес, 4 октомври 2022 (МИА) – Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард, ги сподели своите впечатоци од првиот натпревар одигран по пауза од 476 дена.

За 16 минути на теренот во победата над Портланд блејзерс, Ленард имаше 11 поени, четири скока и по две асистенции и украдени топки.

– Беше одлично. Бев воодушевен што бев на теренот против ривал на ниво на НБА за да ја ценам напорната работа што беше направена во 16 месеци од мојата повреда. Ми недостигаше чувството на единство со тимот, сите овие разговори. Телото се чувствува одлично. Јасно е дека нема да играм од самиот почеток 35-38 минути. Но, не брзаме, влегувам во форма, ова е процес, изјави Ленард.

Кошаркарот последен пат играше натпревар на 14 јуни 2021 година, во НБА-плејоф кога скина лигаменти на коленото. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close