0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Леклер победи на aвстриското ГП

Возачот на Ферари, Шарл Леклерк победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Австрија.

Спилберг, 10 јули 2022 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклерк победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Австрија.

Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул, додека третот место го освои возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Серхио Перез од Ред Бул, Николас Латифи од Вилијамс и Карлос Сајнц од Ферари не успеаја да ја завршат трката.

Перез се судри со Џорџ Расел на почетокот на трката и се врати на последното место. По неколку круга, тимот реши тој да се повлече, а на 15 круга до крајот поради пожар на моторот трката предвреме ја заврши Карлос Сајнц од Ферари.

Бодови освоија и (4-10.место): Расел, Естебан Окон (Алпин), Мик Шумахер (Хас), Ландо Норис (Мекларен), Кевин Магнусен (Хас) Даниел Рикардо (Мекларен) и Фернандо Алонсо (Алпин).

Поредок кај возачите: Верстапен 208 бода, Леклер 170, Перез 151, Сајнц 133, Расел 128, Хамилтон 109,…

Лидер кај конструкторите е Ред Бул со 359, Ферари е втор со 303, Мерцедес иа 237. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close