0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

Леброн: Имаме добар тим, но немаме резултат, многу сум разочаран

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ја оцени моменталната позиција на тимот по неуспехот на домашен терен на средбата со Индијана (104:111).

Лос Анџелес, 20 јануари 2022 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ја оцени моменталната позиција на тимот по неуспехот на домашен терен на средбата со Индијана (104:111).

До овој меч Пејсерс претрпеа 10 порази во 11 натпревари.

– Сега има големо разочарување кај мене, тоа е сигурно. Ми се чини дека имаме доволно добар тим за да победуваме и да имаме повеќе од 50 проценти од победите. Но, нашиот резултат не е таков. Ние сме тоа што сме. Пред нас е гостување, ќе се тестираме во натпревари со голем број силни противници, изјави Леброн.

Ноќта среда кон четврток, Џејмс на дуелот со Индијана имаше 30 поени, 12 скока, пет асистенции и две украдени топки, но и тоа не беше доволно Лејкерс да го избегнат поразот.

Во моментов тимот до Лос Анџелес има биланс 22 победи и 23 порази и се наоѓа на 8.место на табелата во Западната конференција од НБА-лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close