0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Леао ја отфрли првата понуда на Милан за продолжување на договорот

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, ја одбил првата понуда на Росонерите за продолжување на договорот, објави „La Stampa“.

Милано, 16 јуни 2022 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, ја одбил првата понуда на Росонерите за продолжување на договорот, објави „La Stampa“.

Според изворот, клубот му понудил на 23-годишниот Португалец нов договор до 2026 година со значително зголемување на платата, но играчот и неговите застапници ја одбиле понудата.

Агентите на Леау се подготвени да седнат на преговарачка маса по затворањето на преодниот рок.

Минатата сезона, напаѓачот постигна 14 гола и даде 12 асистенции на 42 натпревари за Милан. Неговиот актуелен договор со клубот е до 30 јуни 2024 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close