0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Лапорта: Халанд е прескап за нас

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја отфрли можноста за трансфер на Ерлинг Халанд.

Барселона, 27 април 2022 (МИА) – Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја отфрли можноста за трансфер на Ерлинг Халанд.

Во вторникот, Жоан Лапорта одржа состанок со директорите на каталонскито клуб, по што се фотографираше со група ученици.

Едно од децата побара од Лапорта да го ангажира напаѓачот на Борусија, Ерлинг Халанд во Блауграна.

– Халанд? Не, тоа е многу скапо, одговори Лапорта.

Лапорта се наоѓа под притисок од јавноста и од тренерот Чави, во претстојниот летен преоден рок да донесе неколку квалитетни засилувања. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close