0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Лапорта: Пике е извонредна личност која страда

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта проговори за состојбата на дефанзивецот на каталонскиот клуб Жерар Пике по раскинувањето со пејачката Шакира.

Барселона, 29 јуни 2022 (МИА) – Претседателот на Барселона Жоан Лапорта проговори за состојбата на дефанзивецот на каталонскиот клуб Жерар Пике по раскинувањето со пејачката Шакира.

Според Лапорта, 35-годишниот Шпанец периодов страда.

– Жерард е извонредна личност која страда. Во нашата имагинација, фудбалерите имаат слава и пари и сЕ што сакаме, но тие се луѓе, а Џерард е одлична личност. Пике е еден од капитените и даде многу на Барселона. Тој, татко на мали деца, се најде во такви околности и сега ја заслужува сета поддршка и љубов од навивачите. Не слушајте ги вестите што се обидуваат да го направат да изгледа како несериозна личност, лишена од чувства, изјави Лапорта за шпанските медиуми.

Да потсетиме дека Пике и Шакира раскинаа по 12 години врска. Беше објавено дека фудбалерот ја изневерил пејачката. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close