0_Спорт.ПорталФудбал

Лапорта оптимист пред Ел Класико: Сигурен сум дека Барса ќе победи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за претстојниот натпревар од Ла Лига со Реал Мадрид.

Барселона, 21 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за претстојниот натпревар од Ла Лига со Реал Мадрид.

– Имам добро чувство. Победивме два меча, играчите закрепнуваат. Фати и Агуеро се вратија, играме пред нашите навивачи. Сакам да ги расположам фановите, бидејќи шоуто ќе биде одлично. Ако го победиме Реал, ќе биде супер, ќе славиме. Оптимист сум и уверен дека ќе победиме, рече Лапорта.

Големото дерби на шпанскиот и европскиот фудбал, Барселона – Реал Мадрид е закажано за в недела во 16:15 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close