0_Спорт.ПорталСпортСпорт.СлајдерФудбал

Лампард убеден во опстанок на Евертон во Премиер лигата

Тренерот на Евертон, Френк Лампард го сподели своето мислење за можното испаѓање на тимот од англиската Премиер лига.

Ливерпул, 4 април 2022 (МИА) – Тренерот на Евертон, Френк Лампард го сподели своето мислење за можното испаѓање на тимот од англиската Премиер лига.

– Имаме уште 10 натпревари за да освоиме бодови. Десет натпревари се многу. Ако среќата се сврти кон нас, тогаш имам уверување дека сé ќе биде во ред. Зборувањето за тоа сега и овде не значи ништо. Треба само да се фокусираме на нашата игра. Следниот натпревар е многу значаен бидејќи е со Барнли. После тоа, продолжуваме во Манчестер јунајтед, изјави Лампард за „Sky Sport“.

Евертон вчера загуби од Вест Хем со 1:2. Тимот е 17-ти во поредокот во Англиското фудбалско првенство со 25 бодови.

Следниот меч Евертон го игра на 6 април против Барнли кој се наоѓа на 19. позиција (21 бод). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close