0_Спорт.ПорталФудбал

Лаказет не сака да го продолжи договорот со Арсенал

Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет не планира да го продолжи договорот со клубот. Според „le10sport“преговорите за продолжување на договорот со 30-годишниот Французин се неуспешни, и затоа веројатноста фудбалерот да го напушти клубот расте.

Лондон, 23 септември 2021 (МИА) – Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет не планира да го продолжи договорот со клубот. Според „le10sport“преговорите за продолжување на договорот со 30-годишниот Французин се неуспешни, и затоа веројатноста фудбалерот да го напушти клубот расте.

Се појавија гласини дека играчот може да се пресели во Атлетико на слободен трансфер следното лето.

Лаказет игра за Арсенал од летото 2017 година. Во сезоната 2021/22, напаѓачот одигра три натпревари за „Топџиите“, постигна два гола и една асистенција.

Актуелниот договор на играчот е со важност до крајот на јуни 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close