0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

КФСМ го одложи почетокот на младинските лиги

Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес донесе одлука за одложување на неопределено време на почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22.

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес донесе одлука за одложување на неопределено време на почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021/22.

– Канцеларијата на Младинските лиги ќе ја следи актуелната ситуација во која се наоѓаат учесниците во сите рангови на натпреварување. Ќе чекаме дефинитивен одговор од страна на надлежните здравствени и државни органи, поврзано со задолжителните тестирања со ПЦР тестови на сите учесници во системот  на натпреварување во Младинските лиги под јурисдикција на нашата федерација, а кои во овој момент претставуваат сериозен финансиски товар на клубовите кои испратија пријави за учество во лигите за сезоната 2021/22, стои во информацијата на КФСМ.

Новиот датум за почеток на натпреварите во новата натпреварувачка сезона ќе биде определен во договор со клубовите кога ќе се создадат максимални услови за непречено одвивање на натпреварувањата.

Првично младинските кошаркарски лиги требаше да стартуваат претстојниот викенд. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close