0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Куман ги загуби сите три натпревари од Реал како тренер на Барселона

Барселона загуби на домашен терен од Реал Мадрид (1:2) во 10. коло од Ла Лига. За селекторот на Каталонците, Роналд Куман денешниот пораз е трет во три натпревари против големиот ривал од Мадрид.

Барселона, 24 октомври 2021 (МИА) – Барселона загуби на домашен терен од Реал Мадрид (1:2) во 10. коло од Ла Лига. За селекторот на Каталонците, Роналд Куман денешниот пораз е трет во три натпревари против големиот ривал од Мадрид.

Холанѓанецот го води тимот од август 2020 година. На 24 октомври истата година, Барселона загуби со 1:3 од Реал Мадрид, додека на 10 април 2021 година – со резултат 1:2.

Воедно, Реал има четири победи во низа над Барса, тоа е најдолга серија од шеесеттите години во минатиот век. Помеѓу 1962 и 1965 година, Реал Мадрид имаше седум последователни победи.

Каталонците немаат победено во Класико од март 2019 година. Двете екипи ќе се сретнат во вториот дел од сезоната во Ла Лига на 20 март 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close