Дописници МКДОпштински вести

Кумановци до утре да поднесат барање за субвенционирање на комунални услуги

Утре завршува рокот за поднесување субвенции за комуналии за ранливи категории кумановци, информираа денеска надлежните од секторот за социјална заштита од општината. Кумановци досега поднеле над 200 субвенции. Од секторот ги повикаа граѓаните да го почитуваат рокот и навреме да поднесат барање.

Куманово, 27 јануари 2022 (МИА) – Утре завршува рокот за поднесување субвенции за комуналии за ранливи категории кумановци, информираа денеска надлежните од секторот за социјална заштита од општината. Кумановци досега поднеле над 200 субвенции. Од секторот ги повикаа граѓаните да го почитуваат рокот и навреме да поднесат барање.

– Субвенционирањето на комуналните трошоци, односно за потрошена вода и изнесување на смет по семејство изнесува 1.200 денари. Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се околу 13 милиони денари, изјави раководителот на секторот за социјална и здравствена заштита, Александар Крстевски.

За субвенционирање можат да аплицираат повеќе категории граѓани, самохрани родители, стечајци, згрижувачки семејства, лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа и по престанување на старателство, најмногу до 26 годишна возраст. Надоместоци за сметки за вода и ѓубрарина можат да побараат и лицата со попреченост, нивните старатели, кои живеат на територија на Општина Куманово со 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односно тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица, односно лице со навршени 65 години возраст и лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени.

Барањата можат да се подигнат до 28 јануари годинава во архивата на Општина Куманово и на портирницата во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион, каде што се наоѓа Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.

Барањата со потребната документација се доставуваат до архива на Општина Куманово, заклучно со 28 јануари (петок).ам/бт/

Back to top button
Close
Close