Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Кумановските советници засадија 33 садници

Кумановските советници од коалициите „За Наше Куманово“, ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, БЕСА, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, засадија 33 садници во паркот пред спортскиот комплекс базени.

Куманово, 9 декември 2021 (МИА) – Кумановските советници од коалициите „За Наше Куманово“, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, БЕСА, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, засадија 33 садници во паркот пред спортскиот комплекс базени. Советниците од различните партии од кои дел коалицираат во Советот на општината, кажаа дека на овој начин сакаат да го означат почетокот на своето делување во локалната власт. Во Советот на Општина Куманово има 33 советници.

-Предлог-иницијатива беше доставена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на координацијата едногласно беше прифатена. Вакви еко-акции имаме за цел да ги практикуваме и во иднина, да станат традиционални и да влезат во програмата на Советот. Ќе го приспособиме и буџетот за вакви еколошки и хуманитарни и општествено корисни акции. Како советник и претседател на Советот, мислам дека советник на Општина Куманово треба да биде пред сè општествено корисна личност, која ќе даде пример како треба да се сака, почитува и уредува градот, изјави претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Советниците се надеваат дека со ова ќе дадат позитивен пример за пошумување во сите месни заедници. Тие добија поддршка за акцијата од ЈП „Чистота и Зеленило“. ам/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close