Дописници МКДОпштински вести

Куманово и здружението за хумано домување „Хабитат Македонија” потпишаа Меморандум за соработка

Претставници од општина Куманово и Здружението за хумано домување „Хабитат“ од Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се обврзуваат да преземат мерки за подобрување на услови за живеење на семејствата кои живеат во станбените објекти во градот, преку приклучоци за гас, и мерки за учество на локалната власт во поддршка на домувањето.

Куманово, 3 декември 2021 (МИА) – Претставници од општина Куманово и Здружението за хумано домување „Хабитат“ од Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се обврзуваат да преземат мерки за подобрување на услови за живеење на семејствата кои живеат во станбените објекти во градот, преку приклучоци за гас, и мерки за учество на локалната власт во поддршка на домувањето.

– Целта на потпишувањето е заедничкиот интерес на двете страни за подобрување на условите за домување на семејствата, кои живеат во станбени објекти, преку нивно приклучување кон системот за дистрибуција на природен гас, како и развивање системски мерки за учество на локалната самоуправа во поддршка на домувањето, преку модели за управување и инвестициско одржување на колективни станбени згради, соопштија денеска од општина Куманово.

И изминатава деценија станарите од зградите, претежно од централното градско подрачје од Куманово во соработка со Општина Куманово и „Хабитат“ го спроведуваа проектот „Енергетска ефикасност“ кој опфаќаше обнова на кровот, замена на вратите и прозорците од надворешната страна и обнова на фасада чија примарна цел беше заштеда на енергија.ам/бт/

Back to top button
Close
Close