ОпштествоОригинални текстови

КСС: Притисоци до претставник на СО на ФОД Новаци да се откаже од синдикалните активности

Наместо извршување на судските пресуди кои што се правосилни и обврзувачки надлежните во АД ЕЛЕМ и во нејзините подружници почнаа пресметка со нашите синдикални претставници од позиција на моќ на власт. Така што беа пријавувани во разни институции, малтретирани, а во последниот месец претседателот на гранскиот Синдикат за енергетика и рударство при КСС доби суспензија на работното место. Од причина што не застанавме тука и продолживме со барањето на правдата која што поради неизвршување на судски правосилни пресуди е кривично дело во текот на вчерашниот ден еден од нашите синдикални претставници од СО на ФОД Новаци доби заканувачко писмо со закани по неговиот живот и неговото семејство, доколку не се откаже од синдикалната организација. За сето ова е пријавено во полициската станица во Битола и направен е соодветен записник за покренување на истрага за пронаоѓање на сторителот.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

+389 2 2461600
marketing@mia.mk
Back to top button
Close
Close