Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Кристијан Врапчароски трет пат го извади Светиот крст од градскиот базен во Кичево

Младиот 24 годишен Кристијан Врапчароски по трет пат го извади Светиот крст од водите на градскиот базен во Кичево, откако претходно тоа го направи во 2018 и 2020 година, кога беше најспретен меѓу големиот број учесници кои влегоа во базенот.

Кичево, 19 јануари 2022 (МИА) – Младиот 24 годишен Кристијан Врапчароски по трет пат го извади Светиот крст од водите на градскиот базен во Кичево, откако претходно тоа го направи во 2018 и 2020 година, кога беше најспретен меѓу големиот број учесници кои влегоа во базенот.

Церемонијата за Богојавление започна со Утрена Литургија што се отслужи во храмот„Свети Петар и Павле“ во Кичево од страна на свештенството од црковниот храм, по што литијата се упати кон градскиот базен каде се изврши Голем Богојавленски Водосвет и Светиот крст беше положен во водите на базенот.

Од триесетината млади доброволци и верници кои влегоа во студените води на базенот во Кичево, најсреќен беше Кристијан Врапчароски.

-И оваа година ме посака среќата јас да го извадам светиот крст од водите на базенот.Како и претходните две години кога го извадив крстот и годинава очекувам да ми биде среќна и бериќетна и да ми се исполнат сите желби. Чуството не може да се опише со зборови, истакна среќниот Врапчароски.

Од страна на генералниот покровител„ Зегин“ од Скопје на верникот што го извади крстот му додели машина за перење алишта, додека од општина Кичево на подарок доби златен крст. Маиците во кои беа облечени сите учесници кои скокнаа по крстот, ги подари генералниот покровител„ Зегин“. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close