Дописници МКДОпштински вести

Кривопаланечкиот каратист Јовановиќ ги брани државните бои на балканско првенство во Хрватска

Кривопаланечкиот карате ас, Вукашин Јовановиќ, петкратен државен првак и актуелен кадетски првак во категорија – 63 килограми од денес заедно со македонската кадетска репрезентација учествува на балканското карате првенство во Риека, Хрватска.

Крива Паланка, 26 ноември 2021 (МИА) – Кривопаланечкиот карате ас, Вукашин Јовановиќ, петкратен државен првак и актуелен кадетски првак во категорија – 63 килограми од денес заедно со македонската кадетска репрезентација учествува на балканското карате првенство во Риека, Хрватска.

Пред тргнување на Балканскиот собир на најдобрите, среќа и успех му посака градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

-На мое огромно задоволство денес се сретнав со нашата гордост, повеќекратен балкански репрезентативен медалист, учесник на Европско првенство во Финска 2021 каде што како дебитант имаше солиден настап како најмлад учесник. Учествувал и на многу меѓународни од европски натпревари и такви од светски ранг, каде се закитил со многу медали и признанија. Му посакувам многу среќа на Јовановиќ во Риека каде што ќе учествува на балканско првенство како дел од македонската кадетска репрезентација и во наредните денови ќе настапи и ќе се натпреварува поединечно во кадетска категорија до-63 кг и екипно. Посакувам да се врати со медал, изјави градоначалникот Митовски.иб/ир

Back to top button
Close
Close