0_Web_АктуелноДописници МКДЛокални избори 2021Општински вести

Кривична пријава за претседателка на избирачки одбор во Дебар за повреда на гласачко право

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жителка на градот зашто оневозможила гласање за време на првиот круг од  локалните избори на 17 октомври.

Дебар, 22 октомври 2021 (МИА) – Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жителка на градот зашто оневозможила гласање за време на првиот круг од  локалните избори на 17 октомври.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, поради оневозможување на гласање, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Г.(49) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Како што се дознава, станува збор за претседателка на избирачки одбор на гласачко место во Дебар, која попречила лице да го оствари правото на глас.

Таа не отстапила од својата одлука и по костатацијата на Општинската изборна комисија, по поплаката на гласачот, дека нема никаков проблем да го оствари своето право на глас. вт/хс/

Back to top button
Close
Close