Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Кривична пријава за непочитување изолација и напад на вработен во обложувалница

Кривична пријава доби 43 годишен стружанец поради прекршување на решението за задолжителна изолација и напад со остар предмет на вработен во обложувалница, соопштија денеска СВР Охрид.

Струга, 3 декември 2021 (МИА) – Кривична пријава доби 43 годишен стружанец поради прекршување на решението за задолжителна изолација и напад со остар предмет на вработен во обложувалница, соопштија денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пијава против С.Р.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.

– Лицето на 27 септември годинава и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. сс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close