Дописници МКДОпштински вести

Крива Паланка почна со планирање на затворен зелен пазар и изградба на катна гаража

Општина Крива Паланка отпочна со консултации во работни групи за проектно планирање на изградба на затворен градски пазар со деловно-административен објект, изградба на катна гаража во централното градско подрачје и воведување зонско паркирање.

Крива Паланка, 23 јануари 2022 (МИА) – Општина Крива Паланка отпочна со консултации во работни групи за проектно планирање на изградба на затворен градски пазар со деловно-административен објект, изградба на катна гаража во централното градско подрачје и воведување зонско паркирање.
– Со проектот за изградба на катна гаража ќе се реши еден од најголемите проблеми во централното градско подрачје. Недостигот на паркинг места е проблем и граѓаните очекуваат од локалната самоуправа во пократок временски рок да изнајде решение за тоа. Оваа година ќе работиме интензивно на овој проект, а вториот проект за затворен зелен пазар ќе овозможи подобри услови за пласман и продажба на земјоделски производи, но истовремено ќе се добие и соодветен деловен простор што со активација на малопродажните и останати дејности би бил и можност за привлекување повеќе туристи во градот, изјави градоначалникот Сашко Митовски.
Во претстојниот период, како што додаде Митовски, ќе ги консултираат граѓаните за нивните потреби и мислења во однос на овие приоритетни проекти, за да се направи најдоброто. ид/ки/

Back to top button
Close
Close