Локални избори 2021Политички партии

Коњановски: Политиката ќе ја практикувам како работење и создавање, а не како бизнис-зделка

Претстојните локални избори се пресудни за иднината на Битола и секој нејзин граѓанин поединечно. Конечно, Битола нема повеќе трпение за политиканство и лажни промотори на хуманизам, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата за градоначалник на Битола, Тони Коњаноски.

Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) – Претстојните локални избори се пресудни за иднината на Битола и секој нејзин граѓанин поединечно. Конечно, Битола нема повеќе трпение за политиканство и лажни промотори на хуманизам, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата за градоначалник на Битола, Тони Коњаноски.

Тој го обвини противкандидатот од СДСМ дека директно го крши Законот и ги злоупотребува повозрасните и стари лица „само за сликање со нив на Фејсбук“.

– Јас гарантирам дека како градоначалник политиката ќе ја практикувам како работење и создавање, а не како бизнис-зделка. Гарантирам дека посебно внимание ќе им посветиме на повозрасните и стари лица, на децата и младите, децата со потешкотии во развојот, личностите со инвалидитет, корисниците на социјалната помош, невработените, еднородителските семејства, повеќечлените семејства, жртвите на семејно насилство и другите ранливи и загрозени категории на граѓани, вели тој.

Тој веи дека ако стане градоначалник социјалната и здравствена заштита ќе бидат достапни на сите луѓе и за сите категории граѓани, адаптирани според нивните индивидуални потреби.

– Гарантираме формирање Центар за работа со деца со попреченост и Кризен центар за деца и жени, а тоа ќе го направиме во соработка со Министерството за труд и социјална политика, донаторите и ЕУ – фондовите, граѓански здруженија и локална буџетска поддршка, изјави Коњановски.

Тој вети и дека дополнително ќе воведе социјално покровителство кое ќе им доставува услуги на возрасните лица во нивните домови, зголемување на капацитетите за згрижување на возрасни лица, бесплатни скрининг – програми за болести од социјално значење како и вклучување на бизнис – заедницата во делот општествена одговорност. свс/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close