Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Коњановски: Изградба на ново училиште во Битола и две нови монтажни училишта

Битола ќе биде современ образовен центар и затоа ние како нова локална самоуправа веднаш почнуваме со планирање, проектирање и отпочнување со изградба на ново основно училиште во населбата Буковски ливади, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

Битола, 9 октомври 2021 (МИА) – Битола ќе биде современ образовен центар и затоа ние како нова локална самоуправа веднаш почнуваме со планирање, проектирање и отпочнување со изградба на ново основно училиште во населбата Буковски ливади, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

Гарантираме, рече Коњановски, подобрување на условите во основното образование во руралните средини со две монтажни училишта по примерот на училиштата во селата Крклино и Поешево.

– Гарантираме зголемување на капацитетите за згрижување во предучилишното образование, со изградба на градинките во областа Касарна и Нова Битола. Веднаш пристапуваме кон формирање центри за детски развој за згрижување на децата во предучилишното образование во поголемите рурални подрачја и исто така гарантираме еднакви можности за образование на сите, стипендии за ученици и студенти од социјално загрозените семејства, рече Коњановски.

Во програмата на кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ се гарантира вработување на најдобриот студент во генерацијата согласно потребите на локалната самоуправа и останатите нејзини институции.

– Ќе инвестираме континуирано во наставниот кадар преку обуки, тренинзи, организирање стручни и научни конференции. Гарантираме реконструктивни интервенции во сите основни и средни училишта и нивно прилагодување на вонредно настаните услови со Ковид-19 пандемијата, како и обезбедување ИТ опрема за училиштата и таблети за учениците од ранливите категории, посочи Коњановски.

Од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата најавија и формирање на Асоцијација за унапредување на образованието во која ќе членуваат родители, претставници од деловната заедница, наставници и претставници од високото образование. мт/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close