Локални избори 2021Политички партии

Коњановски: Гарантираме реконструкција и интервенции во сите основни и средни училишта во Битола

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски денеска во рамки на изборната кампања најави прокети и активности со кои, како што рече,предучилишното, основното, средното и високото образование ќе ги градиме врз принципите за образование на 21 век.

Битола, 25 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски денеска во рамки на изборната кампања најави прокети и активности со кои, како што рече,предучилишното, основното, средното и високото образование ќе ги градиме врз принципите за образование на 21 век.

-Веднаш почнуваме со постапка за донесување Локална стратегија за образование. Принципите на оваа стратегија мора да бидат втемелени најпрвин врз потребите и интересите на учениците и родителите, но и усогласени со потребите на пазарот на трудот. Деловната заедница, стопанството ќе бидат еден од клучните фактори во донесувањето и имплементирањето на оваа стратегија, најави Коњановски.

Тој најави и кампања за подигнување на свеста кај родителите Роми, за важноста на предучилишното, основното, средното и високото образование. Најави и обезбедување на еднакви услови за образование на децата Роми преку обезбедување на таблети и друга ИТ опрема за успешна реализација на воспитно – образовниот процес и сеопфатна вклученост во него на оваа категорија ученици.

Кандидатот за градоначалник на Битола, како дел од програмата најави унапредување на образованието преку формирање Асоцијација во која покрај наставниците и родителите, ќе бидат вклучени и стручните лица од високото образование, соодветно на нивните академски специјалности.

-Гарантираме реконструкција и интервенции во сите основни и средни училишта. Особено внимание ќе посветиме на нивно прилагодување на вонредно настанатите услови, предизвикани од пандемијата Ковид-19. Гарантираме и поддршка за спроведување на пропишаните протоколи за заштита на здравјето на учениците и наставниците преку обезбедување техничко – хигиенски средства, најави тој.

Коњановски додаде дека ќе обезбедат опрема и таблети за сите ученици од ранливите категории. А во однос на безбедноста во училиштата тој најави мониторинг во училишните дворови и комплетно осветлување и физичко обезбедување во секое училиште. мт/ки/

Back to top button
Close
Close