Дописници МКДОпштински вести

Кочанските пожарникари симулираа интервенција при пожар во компанија

Територијалната противпожарна единица, во соработка со општинската организација на Црвен крст од Кочани, денеска спроведе симулациска вежба за интервенирање при пожар во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Кочани, 19 мај 2022 (МИА) – Територијалната противпожарна единица, во соработка со општинската организација на Црвен крст од Кочани, денеска спроведе симулациска вежба за интервенирање при пожар во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Дел од тактичко-показната вежба беше целосна евакуација на вработените од една од производствените хали и давање помош на повредени лица, како и гаснење оган во затворен простор со лесно запаливи материјали.

Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани истакна дека се работи за редовна активност во рамки на законските обврски што ги имаат институциите, а што се однесуваат на интервенција при пожар во затворен простор и подигање на заштитата и безбедноста на луѓето и имотот.

– Во објектот имаше повредени лица со изгореници на телото, кои ги пронајдовме и беа успешно евакуирани и предадени на активисти од Црвен крст за укажување прва помош. Потоа пристапивме кон локализирање и целосно гаснење на пожарот во затворениот простор, за што голема помош имавме со тоа што компанијата има изработенот одличен план за евакуација и сместување на повредени на посебно обележани и заштитени места, рече тој.

Од компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, како една од најголемите во источниот регион, нагласија дека заштитата на здравјето и безбедноста на вработените им е еден од главните приротитети во работењето, при што ја зајакнуваат соработката и со надлежните органи и институции.

– Досега имавме одлична соработка со Територијалната противпожарна единица и се надевам дека така ќе продолжи и во наредниот период. Воедно, сакам да им го чеситатам Денот на пожарникарите и да им посакам помалку работа, но сепак по ефикасна. Ние како компанија секогаш ќе им бидцеме на располагање на пожарникарите за каква било поддршка во иднина, истакна Сашко Наков, генерален директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Во симулациската интервенција за гаснење пожар и извлекувањ еповредени беше ангажирано едно противпожарно одделенеи со возило и осуммина пожарникари, како и десетина активисти од општинскиот Црвен крст од Кочани.та/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close