Локални избори 2021Политички партии

Котлар-Трајкова: Нашата визија е функционална, модерна и современа Општина Центар

Нашата визија за Центар од овој момент па натаму е да биде функционална, модерна и современа општина како што и доликува, изјави денеска на кандидатката за градоначалник на Општина Центар на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар-Трајкова на митингот во пресрет на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври, каде против кандидат и е Горан Герасимовски од СДСМ и коалицијата.

Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) – Нашата визија за Центар од овој момент па натаму е да биде функционална, модерна и современа општина како што и доликува, изјави денеска на кандидатката за градоначалник на Општина Центар на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар-Трајкова на митингот во пресрет на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври, каде против кандидат и е Горан Герасимовски од СДСМ и коалицијата.

– Ова го велам бидејќи јас сум сериозна во намерата да ја елиминираме културата што не прикажува современо и модерно однесување. Сериозно размислуваме да ги менуваме нештата во доменот на урбано градење, сакаме да воспоставиме динамично урбанистичко планирање, во делот на екологијата да поставиме принципи, мерила и мерки потребни за здрава средина и живот, порача Котлар-Трајкова.

Таа најави културен живот, за кој посочи дека е неопходен и за младата, но и за повозрасната генерација. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги повика младите лица на ангажирано, свесно и активно однесување во однос на социјално, образовно, културно и економско живеење и од нив очекува активен и одговорен однос за делување во Општина Центар.

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од колаицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, која присуствуваше на митингот во знак на поддршка на Котлар-Трајкова, се заблагодари за довербата на граѓаните за нејзината визија за „Модерно Скопје“. Таа најави дека општина Центар ќе претставува европска, современа и модерна метропола.

– Од Центар почнуваат промените во вториот круг што ќе го детерминираат правецот на движење на Скопје во наредните четири години, а тоа е Скопје како модерен европски и град на среќни луѓе, додаде Арсовска и ги повика граѓаните на Центар да ја поддржат кандидатката Котлар-Трајкова.

Во првиот круг од локалните избори што се одржаа на 17 октомври, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар освои 7.462 гласови, со што обезбеди место во вториот круг заедно со кандидатот на СДСМ, кој освои 9.026 гласови. ки/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close