Локални избори 2021Политички партии

Котлар: Создаваме нова иднина за Центар, повеќе зеленило наместо бетон

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за градоначалник на Општина Центар Наташа Котлар на граѓаните им вети дека ќе работи на создавање нова иднина за оваа општина и намалување на загаденоста преку садење дрвореди на секоја улица, зелени оази наместо бетон, лоцитрање на загадувачите и нивно елиминирање со акциски план.

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за градоначалник на Општина Центар Наташа Котлар на граѓаните им вети дека ќе работи на создавање нова иднина за оваа општина и намалување на загаденоста преку садење дрвореди на секоја улица, зелени оази наместо бетон, лоцитрање на загадувачите и нивно елиминирање со акциски план.

-Скопје е најзагаден град во Европа. Затоа, ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон, погледнете како сега изгледа тоа. Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме. Ќе водиме бескомпромисна казнена политика за загадувачите.
Ќе има Ден без автомобили што е светска практика. Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии, рече Котлар.

Најави и поставување автоматизирани јавни тоалети, редовно пошумување на Водно.

-Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар. За Центар со душа, истакна Котлар. сст/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close