Локални избори 2021Политички партии

Котлар: Подземни паркинзи во Дебар Маало и Пролет за 400 возила

Уште веднаш ќе започнеме со градба на два подземни паркинзи во Дебар Маало и Пролет за вкупно 400 возила. Ќе има и места за оставање на велосипеди и полначи за електрични возила, истакна денеска кандидатката за градоначалничка за Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар Трајкова.

Скопје, 21 октомври 2021 (МИА) – Уште веднаш ќе започнеме со градба на два подземни паркинзи во Дебар Маало и Пролет за вкупно 400 возила. Ќе има и места за оставање на велосипеди и полначи за електрични возила, истакна денеска кандидатката за градоначалничка за Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар Трајкова. 

Таа додаде дека горната површина над подземните гаражи ќе биде послана со тревник за разни содржини. Надземните гаражи, како што додаде, ветени од конкуренцијата фаќаат простор, често се пренаменуваат и не го озеленуваат Центар.

– Подземните паркинзи изградени за Градски ѕид сега се нефункционални и запуштени. А, замислете има вкупно гаражи за 800 возила. За да ги оспособиме ќе субвенционираме врати на далечинско управување, а осветлувањето и исфрлувањето на шутот ќе бидат целосно на товар на Општината, истакна Котлар.см/дма/

 

Таг
Back to top button
Close
Close