0_Спорт.ПорталРакометСпорт

Котевски нов тренер на Металург

Поранешниот македонски репрезентативец, Игор Котевски е назначен за нов тренер на Металург.

Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) – Поранешниот македонски репрезентативец, Игор Котевски е назначен за нов тренер на Металург.

– Игор Котевски е нов тренер на Металург. Ова значи негово враќање во Автокоманда, откако претходно го водеше и Металург 2, објави клубот од Автокоманда.

Котевски на тренерската позиција во Металург ќе го наследи Иван Марковски.

Во својата тренерска кариера, Котевски пред доаѓањето во Металург работеше во неколку младински екипи, како и со првите тимови на Бутел и Голден Арт. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close