Локални избори 2021Политички партии

Костовски: Да излеземе и да гласаме за развој и просперитет на Општина Бутел

Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ги повика граѓаните в недела масовно да излезат и да гласаат за бројот 7.

Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ги повика граѓаните в недела масовно да излезат и да гласаат за бројот 7.

– Последниве четири години општина Бутел е заборавена општина. Последните четири години се најлошите четири години во историјата на Општина Бутел. Не смееме да дозволиме да ни се повтори истото. Токму затоа од срце ве повикувам сите без разлика на етничка или пак верска припадност, па дури и без разлика и на политички поделби, како никогаш до сега да излеземе на 17 октомври за да ги поразиме неработниците и бандитите. Да излеземе за да ја обезбедиме нашата иднина, иднината на нашите деца, изјави Костовски.

Тој ги повика граѓаните да излезат да гласаат за просперитетна и безбедна Општина Бутел, која, како што вели, веднаш ќе почне да се развива насекаде.

– Ќе се развива во Љубанци, во Љуботен, во Кучевишка Бара, на Бел Камен, во Радишани, Расадник, во Бутел 1, во Љуботенски пат, во Бутел 2, во Скопје Север, во Визбегово, насекаде. Да покажеме дека можеме. Да покажеме дека Општина Бутел може да биде достојна и модерна Општина како дел од градот Скопје, порача Костовски. ир/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close