Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Костовски: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за Оливер Илиевски

Пратеникот од СДСМ Мартин Костовски на денешната прес-конференција рече дека в недела кумановци гласаат само за еден социјалдемократски кандидат, Оливер Илиевски. Тој ги повика кумановци да се обединат и на овие избори, како и досега да гласаат за прогресивноста и сплотеноста.

Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) – Пратеникот од СДСМ Мартин Костовски на денешната прес-конференција рече дека в недела кумановци гласаат само за еден социјалдемократски кандидат, Оливер Илиевски. Тој ги повика кумановци да се обединат и на овие избори, како и досега да гласаат за прогресивноста и сплотеноста.
Максим Димитриевски, како што рече, лажно се претставува како социјалдемократ, а ВМРО-ДПМНЕ 30 години сонува да победи во Куманово. – И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка, дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски. За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и ја потврди. Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината, во училиштата, во јавните претпријатија, ако тој победи, рече Костовски.
Според Костовски, Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и секој глас за него е глас за ВМРО-ДПМНЕ. Костовски ги повика кумановци в недела да размислат и да донесат одлука, дали во Куманово ќе продолжи да победуваа социјалдемократијата, правдата и еднаквоста или, како што рече, ќе се дозволи градот да го преземе режимот преку инсталацијата наречена Максим Димитриевски.

 

Костовски рече дека Куманово секогаш било на вистинската страна, отсекогаш пркосело на режимите и неправдите и дека така ќе биде и овој пат. -Да се обединиме в недела и повторно пред целата држава да покажеме како победува социјалдемократијата, како победува прогресивноста, како победува сплотеноста. Да гласаме за број 12, да гласаме за Оливер Илиевски, да гласаме за Куманово да продолжи да биде бастион на социјалдемократските вредности, рече Костовски, кој е и претседател на општинската организација на СДСМ Куманово. ам/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close