0_Македонија.ПорталЛокални избори 2021Општински вести

Костадинов ја презеде функцијата градоначалник на Струмица

Формално ја преземав градоначалничката функција од Коста Јаневски кому искрено му благодарам за поддршката и соработката. Свесен сум дека од мене како градоначалник на Струмица се очекува градот и општината да одат напред. Тоа што е создадено да се одржи и развие, но и да се проектира и создаде многу ново. Јас сум подготвен, истакна денеска на неговиот фејсбук-профил новиот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов.

Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) – Формално ја преземав градоначалничката функција од Коста Јаневски кому искрено му благодарам за поддршката и соработката. Свесен сум дека од мене како градоначалник на Струмица се очекува градот и општината да одат напред. Тоа што е создадено да се одржи и развие, но и да се проектира и создаде многу ново. Јас сум подготвен, истакна денеска на неговиот фејсбук-профил новиот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов.
Тој денеска официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Струмица и порача дека заедно со неговиот тим продолжуваат со реализација на визијата за уште помодерна и поевропска општина Струмица.
– Продолжуваме понатаму – уште подобро, уште повеќе, уште поенергично! Тука сум и почнав. Интензивно, точно и навремено, со максимална транспарентност и отчетност. Затоа што мора потребите и условите за живот на сите полови и старосни категории граѓанки и граѓани, буквално на сите жители кои живеат на територијата на Општина Струмица да бидат уважени, нагласи Костадинов.
Тој посочи дека во претстојните четири години ги очекува многу работа за да биде реализирано сето она кое  веќе е разговарано.
-Секако, тука нема да застанеме. Напротив, продолжуваме, на таков начин и со дијалози, со уште посилно темпо. Со слух за вашиот глас, со отворена врата и со активна работа ‐ не само од канцеларија, туку и посветено, на терен, го ставам фокусот на приоритетите и реалните потреби во нашата општина.
Затоа што само заедно можеме да ја создадеме најдобрата верзија на нашата Струмица, наведува  Костадинов.см/рт/

Таг
Back to top button
Close
Close