Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Костадинов: Стојам зад започнатиот процес за урбанизација на локацијата „Касарна“

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, денеска на прес конференција истакна дека дека стои зад започнатиот процес за урбанизација на локацијата „Касарна“, каде продолжува развојот и изградбата, но пред сé со максимално почитување на еколошките стандарди и правилата за точен одржлив развој.

Струмица, 12 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, денеска на прес конференција истакна дека дека стои зад започнатиот процес за урбанизација на локацијата „Касарна“, каде продолжува развојот и изградбата, но пред сé со максимално почитување на еколошките стандарди и правилата за точен одржлив развој.

Според него, со наменското уредување никнува нова функционална населба, доминантно со згради за колективно домување и со иновативни решенија за урбано живеење.

-Покрај станбените згради, планирано е обликување на просторот со потребна конфигурација на објекти од јавен карактер од областа на здравството, образованието, спортот, како и јавни површини и трговски објекти. Конкретно, предвидена е изградба на училиште, градинка, амбуланта, старечки дом, трговски единици и верски објект. Секако, третирана е и потребната инфраструктура за изведба на сервисни улици и соодветни паркинг решенија, а како екобаланс на целиот комплекс, предвиден е парк со површина од 12.700 метри квадратни, рече Костадинов.

Додаде дека го радува фактот дека расте бројот на жители во градот. Со таквата тенденција, според него, се нагласува потребата од изградба на нови капацитети и инфраструктурни решенија кои ќе ги задоволат потребите на жителите, како од урбана гледна точка, така и во смисла на одржлив развој и современо живеење. рт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close