Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Костадинов почна директна комуникација со граѓаните од врата на врата

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов заедно со советниците од советничката листа на СДСМ вечерва почна директна комуникација со граѓаните. Како што рече на вечерашната прес-конференција, со тоа почнало реализирањето на предизборното ветување за директна комуникација со граѓаните од Општина Струмица.

Струмица, 21 октомври 2021 (МИА) – Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов заедно со советниците од советничката листа на СДСМ вечерва почна директна комуникација со граѓаните. Како што рече на вечерашната прес-конференција, со тоа почнало реализирањето на предизборното ветување за директна комуникација со граѓаните од Општина Струмица.

-Не одиме од врата на врата да бараме поддршка за изборите, туку да ги слушнеме нивните предлози, да поразговараме за приоритетите кои треба да бидат имплементирани во рамки на буџетот за следната година, оти тоа е начинот како навистина да ја направиме Струмица уште поубава и уште помодерна, истакна Костадинов.

Подвлече дека овој проект бил нов стандард во работењето.

-Ќе бидеме први во државата и како градоначачник и како советници, кои веднаш после изборите одиме кај граѓаните, одиме од врата на врата, ги слушаме, разговараме и сите предлози и сугестии ќе бидат сериозно разгледани, анализирани и соодветно имплементирани  во новиот буџет, додаде Костадинов.

Порача овој нов стандард да биде мотив за сите похрабро и што повеќе да бидат вклучени во одлучувањето, бидејќи Општина Струмица секогаш била транспарентна кога станува збор за комуникацијата со граѓаните и подготвувањето на буџетот преку буџетските и форумските заедници. рт/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close