Дописници МКДОпштински вести

Контејнерите постојана цел на кратци на тркалца и пиромани

И покрај сите апели што ги упатува менаџментот на ЈКП„ Комуналец“, да не се тура во контејнерите пепел во кого се уште има жарје и да не се крадат тркалцата, сепак овие замолници како да не допираат до граѓаните кои и понатаму се однесуваат инертно врз општото добро на компанијата.

Кичево, 22 јануари 2022 (МИА) – И покрај сите апели што ги упатува менаџментот на ЈКП„ Комуналец“, да не се тура во контејнерите пепел во кого се уште има жарје и да не се крадат тркалцата, сепак овие замолници како да не допираат до граѓаните кои и понатаму се однесуваат инертно врз општото добро на компанијата.

-Годинава како и претходните години контејнерите се континуирана цел на пиромани кои во нив истураат разжарен пепел, од каде потоа со часови излегува чад кој го зафаќа и сметот кој претходно бил истурен во контејнерите. Поголем проблем ни претставува вадењето на тркалцата од контејнерите, по што контејнерите се навалуваат и од нив празнењето на комуналниот отпад е многу потешко, вели директорот на комуналното претпријатие Зенел Јонузи, кој уште еднаш упатува апел до граѓаните да внимаваат што фрлаат во контејнерите, дали само пепел и комунален отпад или истураат разжарен пепел кој потоа чади и го контаминира просторот.

-Со години наназад во повеќе наврати сме ги промениле контејнерите за комунален отпад, бидејќи редовно биле цел на крадци кои ги вадат тркалцата, тие потоа се навалуваат, што им создава големи проблеми на нашите вработени при нивното празнење. На периоди ние на местото на украдените тркалца поставуваме нови, кои за жал ги снајдува иста судбина, по што контејнерите повторно се навалуваат и ја отежнуваат работата при нивното празнење, додава Јонузи.

Бидејќи дел од контејнерите во градот се пластични, истите при фрлање на разжарен пепел се дупчат или се топат поголеми површини, тоа ги прави трајно неупотребливи.за/см/

Back to top button
Close
Close