Дописници МКДЛокални избори 2021

Кондовски: Продолжуваме со инвестиции и развој на спортска инфраструктура во Битола

Продолжуваме со инвестициите во развојот на спортската инфраструктура, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ, Христо Кондовски.

Битола, 20 октомври 2021 (МИА) – Продолжуваме со инвестициите во развојот на спортската инфраструктура, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ, Христо Кондовски.

Кондовски најави финализирање на градежните работи на Градскиот стадион под Тумбе кафе.

-Средствата за реконструкција на фудбалскиот стадио се обезбедени и тоа ќе го направиме затоа што и досега како локална самоуправа вложивме над 4 милиони евра во овој проект. Инвестициите продолжуваат и со реновирање и обновување на опремата во Спортската сала „Боро Чурлевски“. Спортските здруженија на граѓани и клубовите добиваат подобри услови за спорт и рекреација. За овој проект е предвиден буџет од 500.000 евра, а активностите ќе завршат во рок од 2 години, посочи Кондовски.

Во изјава за медиумите, кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски најави и реконструкција на трибините на Ракометното игралиште и нова соодветна подлога, обележување на терените и нова ограда.

-Ќе вложуваме и во селата. На стадионот во селото Лавци ќе биде поставена целосно нова тревна подлога и систем за наводнување. Ќе се игра и навечер затоа што поставуваме ново рефлекторско осветлување. Време на реализација на проектот е една година, а за истиот се предвидени 50.000 евра. Во функција ќе биде ставен и стадионот во Горно Оризари. Со целосно нова тревна подлога, систем за наводнување и рефлектори жителите ќе уживаат во добри услови за спортување. Дополнително, до стадионот ќе се изгради и соодветен паркинг простор. Време на реализација на проектот е една година, а за проектот се наменети 100.000 евра, посочи Кондовски продолжувајќи ја кампањата во пресрет на вториот круг од Локалните избори во Битола. мт/мд/

 

Таг
Back to top button
Close
Close