Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Кондовски: Наша цел е ефикасна Општина

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски ја продолжи кампaњата во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Битола, 19 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски ја продолжи кампaњата во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Кондовски посочи дека ќе биде повеќе на терен, на маалски средби, непосредно со граѓаните.

-Ќе продолжме со позитивната кампања, ќе ги потсетиме нашите сограѓани за проектите кои ги промовиравме. Ќе кажеме дел нови проекти кои не стигнавме да ги презентираме и повторно ќе потенцирам дека целта ми е програмата да ја исполнам 100 проценти. Битола да доживее економски бум, инфраструктурен бум, секој денар од граѓаните ќе биде инвестиран во инфраструктура. Нашата цел е ефикасна општина, истакна Кондовски. мт/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close