Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Кондовски: Битола ќе добие современа европска противпожарна заштита

Битолската противпожарна станица, формирана во 1836 година е значаен регионален противпожарен центар, а наскоро ќе биде и современа европска противпожарна станица, изјави кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски.

Битола, 27 октомври 2021 (МИА) – Битолската противпожарна станица, формирана во 1836 година е значаен регионален противпожарен центар, а наскоро ќе биде и современа европска противпожарна станица, изјави кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски.

Според Кондовски, за да се зачува епитет регионален центар, потребни се нови и сериозни инвестиции.

-Најавувам изградба на нов современ објект за противпожарна заштита кој ќе биде лоциран во комплексот на АРМ, и тој ќе биде изграден по најсовремени стандарди и ќе ги исполнува сите потребни услови за непречено функционирање на единицата. Предвидени се и нови 15 вработувања на пожарникари. Дополнително, комплетно ќе се обнови опремата на пожарникарите. Ќе се набават нови противпожарни возила за новата, но и за актуелната противпожарна единица, посочи Кондовски.

Финансирањето на овој проект ќе биде преку општината, централната власт, невладини организации и фондации и странски проекти, појасни Кондовски и додаде дека за таа цел општината по брза постапка ќе ја реализира целосната документација во согласнот со ГУП и ДУП.мт/са/

Back to top button
Close
Close