Дописници МКДОпштински вести

Комплексот кај Прилепското вештачко езеро е многу атрактивен за реалаксација на граѓаните

Претставниците од Светска банка се задоволни како е спроведен проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ и се надеваат дека ќе се дополни со нови содржини, а прилепските локални власти најавуваат и анкета со граѓаните, но и увереност дека ќе се збогатуваат содржините. Ова беше нагласено при денешната средба на претставниците на Светска банка, Витали Геворкиан – aрхитект и Блерта Ќерими - виш специјалист за развој на приватен сектор со прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Прилеп, 25 ноември 2021 (МИА) – Претставниците од Светска банка се задоволни како е спроведен проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ и се надеваат дека ќе се дополни со нови содржини, а прилепските локални власти најавуваат и анкета со граѓаните, но и увереност дека ќе се збогатуваат содржините. Ова беше нагласено при денешната средба на претставниците на Светска банка, Витали Геворкиан – aрхитект и Блерта Ќерими – виш специјалист за развој на приватен сектор со прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Геворкиан и Ќерими истакнаа дека се задоволни од спроведениот проект и дека искуствата споделени од општина Прилеп ќе придонесат кон подобрување на идното планирање за ваков и сличен тип на проекти кои би биле поддржани од Светската банка.

Прилепскиот градоначалник Јовчески презентираше и нови идеи за збогатување на содржините од проектот кои ќе ја збогатат понудата и ќе го подобрат целокупното искуство на посетителите. Најави и анкета со граѓаните за тоа што им треба да се додаде во комплексот за целосна релаксација.

Проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ е во вкупна вредност од речиси 50 милиона денари, од кои речиси шест милиона денари се учество на Општина Прилеп. Потпроектот е финансиран од Европската Унија и од Владата преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Проектот го администрира Светска Банка. Опфаќа терени и рекреативен простор за релаксација кои во есенскиов период многу го привлекуваат вниманието на прилепчани.ем/см/

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close