
Ѓорѓиевски потенцираше дека консултациите со стручната јавност се од големо значење и продолжуваат поради потребата за максимална транспарентност, со цел создавање на хуман кварт за живеење во главниот град, по мерка на сите засегнати субјекти.
Претставниците на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како истакнати авторитети во оваа област, ја поздравија идејата за распишување на Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за градската четврт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник. Потенцираа дека на располагање го ставаат својот целокупен стручен потенцијал, со цел овој конкурс да е стручно издржан и да овозможи што поуспешни и покреативни предлози за креирање на ДУП-от за Расадник.
Претходно, градоначалникот Ѓорѓиевски дефинираше соработка на оваа тема и со деканот на Архитектонскиот факултет, а нацрт предлогот за Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за Расадник е достапен на општинската веб страница и за сите заинтересирани граѓани. Од општината повикуваат забелешките, сугестиите и идеите, со цел истиот да биде што поквалитетно изработен и стручно издржан, граѓаните да ги достават на емаил адресата competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk.фф/дма/