Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Командирот на ТППЕ-Штип од денеска на работно место курир во Општина Штип

Командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов од денеска е на нова работна позиција. Советниците на СДСМ во Советот на Општина Штип на денешната прес-конференција објавија дека Атанасов е прераспределен на работно место курир во Општина Штип. Советникот, Трајче Стојчевски му упати и прашање на градоначалникот и и за новиот план за вработување во Општина Штип.

Штип, 26 јануари 2022 (МИА) – Командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов од денеска е на нова работна позиција. Советниците на СДСМ во Советот на Општина Штип на денешната прес-конференција објавија дека Атанасов е прераспределен на работно место курир во Општина Штип. Советникот, Трајче Стојчевски му упати и прашање на градоначалникот и за новиот план за вработување во Општина Штип.

– После дисциплинската постапка за командирот во ТППЕ Штип со која не ја остварија целта затоа што беше тендециозна и неиздржана, револтирани преминаа кон друга одмазничка постапка со што денеска истиот тој добил решение за распределба на ново работно место, односно курир во Општина Штип, вели Стојчевски.

Од кабинетот на градоначалникот Јорданов во писменото соопштение велат дека не сакаат да навлегуваат во обидите за партиски препукувања на опозициските советници.

-Прво началниот План за вработување на Општина Штип, изготвен од претходниот градоначалник имаше предвидено дури 12 нови вработувања, додека со новите измени на истиот се намалуваат на шест, со што се укинуваат претходно планираните места за вработување. Територијалната противпожарна единица Штип до сега беше раководена на незаконски начин, со незаконско решение, затоа општината формираше Комисија за да ја утврди состојбата и да се исправи долгогодишната неправда која се случуваше таму, а беше посочена од незвисниот синдикат на пожарникари, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. вдј/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close