Дописници МКДОпштински вести

Ковид центарот во Дебар нема хоспитализирани лица

Во Ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар нема хоспитализирани лица, откако се испишани како закрепнати последните тројца пациенти.

Дебар, 19 октомври 2021 (МИА) – Во Ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар нема хоспитализирани лица, откако се испишани како закрепнати последните тројца пациенти.

– Во моментот вршиме целосна дезинфекција на Интерното одделение, каде што беше сместен Ковид центарот. Иако немаме пациенти на кои им е неопходен болнички третман, сепак имаме 24 часовно присуство на лекар и две медицински сестри. Вчера со брзи тестови опасниот вирус е потврден кај две лица, но засега тие се со лесна клиничка слика и се на дневна амбулантска терапија, информираше за МИА, Баки Алили директор на болницата.

Според официјалната статистика на министерството за здравство овој месец на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со здравствена заштита ги покрива дебарската болница, регистррани се два случаи со Ковид-19 ( не се вметнати двата случаи со брзи тестови направени во Дебар). Во списокот на оздравени се внесени 50 додека како последица на заразата починати се три лица.

– Во меѓувреме продолжува процесот на имунизација во модуларната болница, која функционира во кругот на нашата установа со вакцината на Фајзер. Сега помал е бројот на вакцинирани на дневна основа, од 35 до 40 лица.Тоа можеби и од податокот дека со две дози имунизирани се околу осум илјади граѓани и речиси идентичен број со прва доза, додава Алили.

Потсетува дека сите граѓани, кај кои од приемот на втората доза изминати се шест месеци, може да се јават и да ја примат третата доза. вт/оџ/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close