Дописници МКДПолитикаПолитички партии

Ковачевски: Со Медат Куртовски, Скудриње за првпат доби детска градинка

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски доцна попладнево се сретна со жителите на најголемото долнореканско село Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски.

Дебар, 17 август 2022 (МИА) – Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски доцна попладнево се сретна со жителите на најголемото долнореканско село Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски.   

Со Куртовски како градоначалник, рече Ковачевски, Скудриње за првпат доби детска градинка, која е и прва градинка на територијата на Општина Маврово и Ростуше.  

Додаде дека во Скудриње, место каде функционира локална фабрика, каде работат поголем дел од мештаните, благодарени на Куртовски се создаваат услови за подобар живот на секој еден жител.  

-Во досегашниот мандат извршена е реконструкција на локалниот пат за село Скудриње во должина од 2.5 километри со вкупна вредност од 11.496.037 денари, со што се  доби поголема безбедност во сообраќајот и се подобри движењето на возилата на жителите и посетителите кон ова населено место. Изградена дел од канализациона мрежа во населба Падина во село Скудриње,  изработени се и шахти за приклучок на мрежата, нагласи Ковачевски.  

Тој спомна дел од повеќето проекти кои се реализирани во периодот од кога прв човек на оваа општина е токму Куртовски.   

-Извршена е санација на водоводната линија, на доводната цевка која поминува низ река Радика и денес е обезбеден сигурен протек на водата до Скудриње, а изработени се ажурирани геодетски подлоги за населените места Маврови Анови, Ростуше, Требиште и дел од Скудриње, со цел урбанизирање на овие населени места. Изграден е потпорен ѕид на локалниот пат на местото каде што се појави свлечиште. Проектот е во вредност од 1.000.000 денари. Со ова е зголемена безбедноста иа жителите и возилата, рече Ковачевски.  

Во наредниот период, со Куртовски како градоначалник, во Скудриње ќе се изградат улици во населбата Падина и Шуплица, нагласи тој и вети дека Скудриње ќе добие нов паркинг простор, а ќе се уреди и паркингот во месноста Бигорец. За најмалите ќе се уреди детско игралиште, а ќе се исчистат и уредат дивите депонии.   

-Жителите на Маворово и Ростуше знаат дека со Медат Куртовски, општината станува еколошка и чиста општина, со уредени улици и решени поблеми на граѓаните.  Потребен е градоначалник кој има слух за барањата на граѓаните, а Медат Куртовски го има токму тоа, порача лидерот на СДСМ. 

Попладнево Ковачевски ги посети и селата Аџиевци и Присојница. вт/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close