Локални избори 2021Политички партии

Ковачевски: Со Куртовски и СДСМ Требиште доби квалитетна и здрава вода за пиење, а ќе добие и реконструирани улици и нови паркинзи

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски попладнево, во рамки на предизборните активности во општина Маврово и Ростуше, се сретна со жителите на селото Требиште. На средбите тој ги истакна проектите кои биле реализирани за време на претходниот градоначалнички мандат на кандидатот Медат Куртовски.

Гостивар, 16 август 2022 (МИА) – Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски попладнево, во рамки на предизборните активности во општина Маврово и Ростуше, се сретна со жителите на селото Требиште. На средбите тој ги истакна проектите кои биле реализирани за време на претходниот градоначалнички мандат на кандидатот Медат Куртовски.

– Во мандатот на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Медат Куртовски во Требиште е извршена реконструкција на водоводната мрежа во вредност од над 1,6 милиони денари. Со тоа се подобри квалитетот на водата, но и се намали загубата на вода. Денес, жителите на Требиште пијат здрава и безбедна вода. Изградени се нови каптажи на водоводот со што е подобрено снабдувањето со вода во ова населено место, рече Ковачевски.

Од жителите на ова долнореканско село, лидерот Ковачевски побара поддршка за Куртовски и СДСМ, за, како што рече, во иднина да се реализираат важни проекти за ова населено место.

Претседателот на СДСМ најави дека во ова село ќе се реализираат повеќе проекти поврзани со инфраструктурата и подобрување на животот на жителите во Требиште.

– Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, Требиште ќе добие уреден паркинг простор, ќе се уреди спортскиот терен, реконструкција на патот до маалото Паречковци и ќе се исчистат и уредат дивите депонии. Затоа на 20 август, во сабота масовно да гласаме за број Еден за Медат Куртовски и СДСМ, повика Ковачевски.

Ковачевски при посетата на општина Маврово и Ростуше, се сретна со жителите на населеното место Велебрдо.
Ковачевски посочи дека Велебрдо ја направило разликата и дека е уверен дека гласот на жителите на ова населено место на 20 август е за Медат Куртовски и СДСМ.
-Колку Медат Куртовски и СДСМ се грижат за ова населено место говорат досега реализираните проекти, меѓу кои и реконструкција и проширување на локалниот пат за село Велебрдо од месноста Стапаров мост до подрачното училиште во селото со што се олесни движењето на возилата. Истовремено, во склоп на реконструкцијата на патот извршена е и изградба на атмосферска канализација на дел од населеното место Велебрдо во вредност од скоро еден милион денари, со што се реши проблемот со атмосферските и отпадните води во централната улица од селото, порача Ковачевски, највувајќи дека следуваат и нови проекти за Велебрдо содржани во програмата на Куртовски. згм/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close