Дописници МКДПолитикаПолитички партии

Ковачевски: Присојница доби проширени и асфалтирани локални патишта, а ќе има и мост на реката Радика

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска при посетата на Општина Маврово и Ростуше се сретна и со жителите од населеното место Присојница.

Дебар, 17 август 2022 (МИА) – Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска при посетата на Општина Маврово и Ростуше се сретна и со жителите од населеното место Присојница.  

Тој рече дека Присојница, заедно со останатите населени места во општината, се развива со засилено темпо и дека нема место каде што Медат Куртовски не оставил свој печат со реализирани проекти.   

Додаде дека во мандатот на Куртовски реализирани се над 60 проекти,за што се инвестирани околу 32 милиони евра.   

-Дел од нив се во Присојница, место каде е изграден нов локален пат со кој се поврзуваат Присојница и Аџиевци, се направи целосна реконструкција, проширување и асфалтирање на дел од локалниот пат за Присојница од месноста Надобје до центарот на селото, со што се олесни движењето на возилата, рече Ковачевски.   

Тој најави дека со Куртовски ќе продолжат проекти за создавање подобри услови за сите граѓани и развој на општината, но и како значајна туристичка дестинација, вклучително тука и неколку проекти за ова село.   

-Во следните четири години, со Медат Куртовски како градоначалник ќе следува рехабилитација на локален пат, изградба на нов резервоар за вода, изградба на нова улица во селото, ќе се изгради мост на река Радика и ќе се исчистат и уредат дивите депонии. Медат е вистинскиот човек за Маврово и Ростуше и драго ми е што граѓаните ја препознаваат неговата посветеност и вредна работа, за што ќе ја добие поддршката на 20 август, нагласи Ковачевски.   

Посочи дека Маврово и Ростуше е пример дека во соработка со централната власт, се решаваат најголемите проблеми и барања на граѓаните и општината, затоа „Куртовски и СДСМ се изразити фаворити на изборите во сабота“.  

Претходно, во текот на попладнево Ковачевски беше во посета на Аџиевци, каде најави изградба на нова водоводна мрежа, проект вреден околу 400.000 евра.  Планирана е посета и средба со жителите на најголемото долнореканско село Скудриње, од каде е и Куртовски, кој довербата на жителите на Маврово и Ростуше ја бара по вторпат. вт/дма/

Back to top button
Close
Close