Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Кнежинскиот манастир го одбележува својот патрон „Свети Ѓорѓија“

Со вечерна богослужба што ќе биде отслужена од страна на свештеници од кичевското архиерејско намесништво, денеска во 17 часот, започнува одбележувањето на патрониот празник на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија“. Утре на денот на празникот во 8 часот изутрина ќе се одржи Света божествена литургија, со која ќе чиноначалствува свештеник од кичевскиот црковен храм.

Кичево, 9 декември 2021 (МИА) – Со вечерна богослужба што ќе биде отслужена од страна на свештеници од кичевското архиерејско намесништво, денеска во 17 часот, започнува одбележувањето на патрониот празник на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија“. Утре на денот на празникот во 8 часот изутрина ќе се одржи Света божествена литургија, со која ќе чиноначалствува свештеник од кичевскиот црковен храм.

-Кнежинскиот манастир утре го одбележува својот патрон „Свети Ѓорѓија“. Традиционално за овој празник манастирот е посетен од голем број како локални верници,така и гости од страна. Одбележувањето ќе започне со вечерна богослужба што ќе ја отслужи свештеник од кичевското архиерејско намесништво денес со почеток во 17 часот. На самиот ден на празникот„ Свети Ѓорѓија“, во манастирската црква од 8 часот ќе се отслужи и Света божествена литургија од страна  свештеници од кичевскиот црковен храм. Поради протоколите за заштита од Ковид-19, програмата за одбележување на големиот верски празник ќе биде нешто пократка, а верниците кои го слават овој празник ќе можат да го осветат лепчето во текот на  денот-рече сестра Софија, старешинка на манастирот„ Свети Ѓорѓија“ во село Кнежино.

Инаку, годинешен кум на манастирот е Бобан Јорданоски, кој ќе му служи на манастирот и на верниците се до изборот на нов кум што ќе се изврши на летниот празник на манастирот 6 мај или попознат кај народот како „Ѓурѓовден“. за/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close