0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Клоп го нарече новодојдениот во Ливерпул, Карваљо „универзален играч“

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги откри своите размислувања за новодојдениот играч за врска Фабио Карваљо. Трансферот на играчот се случи денес. Карваљо се пресели во клубот од Мерсисајд од Фулам.

Ливерпул, 3 јули 2022 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги откри своите размислувања за новодојдениот играч за врска Фабио Карваљо. Трансферот на играчот се случи денес. Карваљо се пресели во клубот од Мерсисајд од Фулам.

– Тој е талентиран, нели? Играчот е во состојба да го дигне целиот стадион на нозе. Тој е самоуверен и авантуристички настроен со топката. Карваљо е сестран играч, тој е многу опасен во нападот поради неговата креативност и динамика, изјави Клоп, цитиран од прес-службата на Ливерпул.

Фудбалерот на црвениот дрес ќе го носи бројот 28.

Карваљо е во тимот на Фулам од 2014 година. Во сезоната 2021/22, тој оостигна 11 гола и направи осум асистенции на 38 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close