0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

Клиперс му дава на Зубац 33 милиони долари за тригодишен договор

Лос Анџелес клиперс се договорија за продолжување на договорот со хрватскиот центар Ивица Зубац.

Лос Анџелес, 29 јуни 2022 (МИА) – Лос Анџелес клиперс се договорија за продолжување на договорот со хрватскиот центар Ивица Зубац.

Агентите на Зубац објавија дека кошаркарот ќе заработи 33 милиони во следните три години.

Се забележува дека клубот од Калифорнија ја одби опцијата за следната сезона за 7,5 милиони долари да потпише нов договор.

Минатата сезона Зубац имаше просек од 10,3 поени, 8,4 скока и една блокада по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close