Дописници МКДОпштински вести

Кичевскиот манастир „Пресвета Богородица Пречиста“ за празникот масовно посетен од голем број верници

Манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ во близина на Кичево денеска, на празникот Рождество на Пресвета Богородица-Мала Богородица, беше посетен од голем број верници од речиси сите градови во земјава.

Кичево, 21 септември 2021(МИА) – Манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ во близина на Кичево денеска, на празникот Рождество на Пресвета Богородица-Мала Богородица, беше посетен од голем број верници од речиси сите градови во земјава.

Можеа да се забележат автомобили и автобуси со регистарски ознаки од Охрид, Битола, Прилеп, Скопје и други градови во земјава. И покрај препораките за заштита од Ковид-19, во двата дена манастирот го посетија над 15.000 верници, помал дел од нив ноќеваа во манастирските конаци.

– Убавото време беше дополнителна причина што во двата дена манастирот „Света Пречиста Богородица“ го посетија повеќе илјади граѓани од сите градови во земјава. Имаше голем број на автобуси, комбиња и автомобили кои ги превезуваа верниците од градовите ширум републиката. Рано претпладне се одржа утрена богослужба додека во 9 часот се отслужи Света Архиерејка литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски господин Тимотеј со поголем број црквенослужители, вели Давор Богданоски.

Во овој манастир покрај христијани се молат и верници муслимани, во делот од манастирот без фрескоживопис. за/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close