Општински вестиСкопје

Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства

Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.

Скопје, 15 август 2022 (МИА) – Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.

– Во услови на енормни поскапувања, на зголемени цени на сите основни продукти и добра кои претставуваат елементарни услови за живеење, а за многумина станаа луксуз, Општина Кисела Вода обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на дел од сметките за потрошена електрична енергија на социјално загрозените семејства. Се работи за сума во износ од 1.200.000,00 денари, односно по 100.000,00 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош. Ги повикувам сите наши жители кои ги исполуваат условите да ја поднесат потребната документација до Архивата на Општина Кисела Вода, како би можеле да го остварат правото на овие финасиски средства. Изборот ќе го врши повеќечлена комисија, а подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Binderrrr444.pdf.

Паралелно со оваа социјална мерка, Општина Кисела Вода интензивно работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен акцент врз најсиромашното население. П­роектот “Храна за сите”, преку кој беа обезбедени хуманитарни пакети за економски немоќните семјества, ќе продолжи и понатаму, а од септември, сите семејства кои имаат првоодделенче, од општината ќе добијат училишна чанта со тетратки и прибор. Со проектот “Ранче за секое прваче” се опфатени сите 625 првачиња од овој дел на градот. мч/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close